Последниот натпревар во санкање од светскиот куп го одбележа тешката несреќа на Русинката Викторија Демченко, кој падна и во тешка здравствена состојба беше пренесена во локалната болница. Во еден момент од трката, 23-годишната Демченко ја загуби контролата врз санката и со главата удри во ледената површина, а потоа и во ледената ограда.
Беше констатирано дека Русинката има тешки повреди на главата, па веднаш беше пренесена во болница. Според првичните информации, состојбата на Демченко е стабилна, но и понатаму е сериозна. На опасната патека во Германија, Русинката не беше единствената која падна од патеката. Уште две натпреварувачки ја загубија контролата над санката и паднаа, но за нивна среќа, поминаа без посериозни повреди.
Инаку, Викторија е ќерка на познатиот руски санкаш Алберт Демченко, кој во кариерата има освоено три сребрени медали на Олимписки игри, но има и три средба на светските првенства.