Четвртолигаш го „преврте“ Фулам

Победата на Олдам на гостувањето кај Фулам од 2:1, е најголемото изненадување во денешната попладневна програма од третото коло на англискиот ФА куп.

Лондонскиот премиерлигаш поведе на почетокот на второто полувреме, но тимот од Лига 2, која е четврта по квалитет во Англија, изедначи на 1-1. Во 84 минута, во игра кај Фулам влезе Србинот Митровиќ со цел да постигне гол од пенал, но незагреаниот Александар најстрогата казна не ја претвори во гол, а казната дојде во 88 минута, кога Олдам даде гол за шок кај домашните фанови.

Големо изненадување претставува и славјето на полуаматерскиот Барнет кај Шефилд јунајтед, а во аут е и Лидс на Езџан Алиоски. Македонскиот репрезентативец доби жолт картон во финишот.

Манчестер сити му даде седум гола на Ротерам, а вториот погодок беше дело на Фоден, кој со 18 години и 223 дена е најмлад стрелец за Сити во купот после пет години. „Граѓаните“ од 1968 година наваму немаа дадено седум гола на куп меч, а Гундоган е прв играч во Англија после пет години кој имал четири асистенции на еден официјален дуел.

РЕЗУЛТАТИ: Фулам – Олдам 1:2, Манчестер сити – Ротерам 7:0, Милвол – Хал 2:1, Престон – Донкастер 1:3, КПР – Лидс 2:1, Шефилд јунајтед – Барнет 0:1, Вокинг – Вотфорд 0:2.

- Оглас -

Најнови вести