Нова ујдурма против Ѓоковиќ – Дојде на егзибициски меч, Англичаните во 5 до 12 му кажаа дека не го планирале за настап

Чудна ситуација му се случи на Новак Ѓоковиќ денеска и иако требаше да одигра егзибициски меч во Харлингем, Англија, не настапи откако организаторите заборавиле да го информираат дека нема да игра.

Наместо српскиот ас играа Диего Шварцман и Алексеј Попирин на егзибициски турнир на кој учествуваат и Надал, Руд, Алкараз, Ожие-Алијасим, Вавринка и уште неколку тенисери.

Ѓоковиќ требаше да го одигра вториот меч на егзибицискиот турнир, со почеток во 17 часот денеска, но откако пристигнал во тенискиот комплекс во Харлингем бил информиран дека нема да игра.

Вчера Новак го декласира Ожие-Алијасим со 6:2, 6:1 и испадна дека тоа му е последниот меч пред стартот на Вимблдон.

Гренслемот во Лондон ќе почне на 27. јуни во понеделник, а Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на неофицијалното Светско првенство во тенис.

 

- Оглас -

Најнови вести