Ова што се случува со Реал не е нормално

Новата година не смени многу за Реал Мадрид. „Кралевите“ стартуваа со реми и пораз во Ла Лига во 2019 година, а вчера беа посрамотени од Реал Сосиедад со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Еден од предводниците на тимот, Лука Модриќ, тотално се разочара по срамниот пораз, па вели дека главниот проблем за негативните резултати се самите играчи, а не тренерот Сантијаго Солари.

„Не е нормално ова што ни се случува. Ни недостасува единство на теренот, не можеме да постигнеме гол, додека премногу дозволуваме и кога играме пред свои навивачи. Мора да седнеме и да разговараме, сите заедно да го најдеме и да го решиме проблемот во екипата. Ова не ни се случи само еднаш, туку повеќе пати, и мора да реагираше што побрзо. Тренерот не може да биде виновен, тој одлично си ја врши работата, а ние сме тие кои треба да остваруваме позитивни резултати на теренот. Не може Солари за нас да дава голови, тоа е наша работа. Нема простор за изговори, во моментов тимот се наоѓа во тешка ситуација, а само заедно можеме да го најдеме решението“, истакна Модриќ по поразот од Сосиедад.

На 13-ти јануари Реал гостува кај Бетис во рамки од 19. коло во Ла Лига, а во среда ги очекува дуел против Леганес во рамките од клупот на Кралот.

- Оглас -

Најнови вести