Австралија дозволи влез на невакцинирани лица, Ѓоковиќ во јануари оди по одмазда!

Одлична вест за Новак Ѓоковиќ, државата Австралија од 6-ти јули ги отвора границите и за лицата кои немаат примено вакцина против Ковид-19. Како што стојат работите, Србинот најверојатно ќе може да игра на својот омилен грен-слем во јануари следната година.

Годинава на Ѓоковиќ не му беше дозволено да игра во Мелбурн, бидејќи не е вакциниран. Кога беше депортиран, доби и тригодишна забрана за влез во Австралија, па ќе треба да биде укината таа одлука, за Новак да настапи на Австралијан опен 2023.

- Оглас -

Најнови вести