Ѓоковиќ повторно даде „фора“, па го преслуша домаќинот за осмо финале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ против Ник Кирјос ќе биде големото финале на Вимблдон кое ќе се игра в недела, откако српскиот тенисер го преслуша домаќинот Камерон Нори со 3-1 во сетови (2-6, 6-3, 6-2, 6-4).

Новак слично како во четвртфиналето, тргна со загубен сет во кој Нори трипати му направи брејк, па мораше да прави пресврт. Овојпат наместо да се враќа од 0-2, не дозволи да се играат пет сета, Ѓоковиќ во низа ги доби трите наредни сета за радост по пласманот во неговото осмо финале на Вимблдон.

Ѓоковиќ во битките за титули на британското отворено првенство е неприкосновен. Србинот има скор од 6-1, загуби само од Енди Мареј во 2013 година, додека славеше во 2011, 2014, 2015, 2018, 2019 и лани.

- Оглас -

Најнови вести