Ќе биде финале на новите пријатели – Ѓоковиќ и Кирјос ќе играат за титула на Вимблдон, шампионот чести вечера (Фото)

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос направија голем пресврт во личниот однос и сега се големи пријатели и пред утрешното големо финале на Вимблдон се постојано во комуникација.

Кирјос кој игра за Австралија сесрдно го бранеше Новак при голготата на почетокот на годинава, кога на српскиот ас на брутален начин не му беше дозволено да ја брани титулата.

Еден од ретките што застана на страната на Ѓоковиќ беше Кирјос, иако претходно честопати го критикуваше.

„Ти требаа пет години да кажеш убав збор за  мене, се пошегува Ѓоковиќ пред утрешното финале на Вимблдон, а Кирјос му одговори со порака:

„Ама те бранев кога најмногу требаше“, возврати Австралиецот.

Двајцата тенисери се договорија да одат на вечера по финалето, што ќе се игра утре од 15 часот.

„Ако ме поканиш на вечера и на пијалок прифаќам. Сметката ќе ја плати тој што ќе победи“, му пишал Ѓоковиќ на Кирјос во меѓусебната преписка на двајцата финалисти.

Кирјос ја прифати понудата на ривалот и го повика на журка во ноќен клуб.

Ѓоковиќ е актуелен шампион на Вимблдон и од утре ќе биде и рекордер со 32 финалиња на гренслем турнирите, а ќе атакува на 21. гренслем пехар.

Кирјос ќе го игра првото гренслем финале во кариерата, а интересно е што нема пораз од Ѓоковиќ во меѓусебните дуели.

Играа двапати досега и Австралиецот двапати победи без загубен сет.

 

 

- Оглас -

Најнови вести