Успеа да го сопре Роналдо, па Јувентус сега ќе го донесе во Торино

Кристијан Ромеро, дефанзивецот на Џенова, ќе направи трансфер во Јувентус, потврдува „Стампа“. Според најавите, се работи за трансфер од 20 милиони евра, а аргентинскиот одбранбен играч ќе остане до крајот на сезоната во Џенова, а потоа ќе се пресели во Торино.

Ромеро влезе во фокусот на првите луѓе на Јувентус во дуелот на Џенова токму против италијанскиот првак. На тој меч, Ромеро одлично си ја заврши работата и успеа одлично да го чува Кристијано Роналдо. Првата ѕвезда на Јувентус даде еден гол на тој меч, но Џенова направи големо изненадување откако одигра нерешено во Торино (1-1).

Како дел од трансферот, Јувентус во Џенова под наем ќе го испрати Стефано Стураро, со опција неговиот договор да биде откупен за 10 милиони евра. Стураро играше за Џенова пред да направи трансфер во Јувентус во 2015 година.

 

- Оглас -

Најнови вести