Федерер не можеше да престане да плаче (Видео)

Роџер Федерер е подготвен да го брани тронот на првиот Гренд слем турнир, кој традиционално се игра во Мелбурн. Швајцарецот е актуелен бранител на трофејот на Отвореното првенство на Австралија, а непосредно пред да започнат мечевите од првото коло имаше емотивно интервју.

Новинарката на „СНН“ успеа да го „скрши“ Федерер откако му постави прашање за неговиот некогашен тренер Питер Картер. Тоа е човекот од кого Роџер учел кога било најпотребно. Картер загинал во сообраќајна несреќа пред 16 години, а Федерер вели дека тој е еден од најзаслужните за успесите кои ги постигна на тенискиот терен.

„Тој е многу важна личност во мојот живот. Ако можам некому да му се заблагодарам за мојата денешна техника, тогаш тоа е Питер. Мислам дека би бил многу горд на мене. Не сакаше да останам нереализиран талент. Неговата смрт беше повик за мое будење. По таа несреќа, јас започнав да тренирам многу посериозно“, се присети Федерер со солзи во очите.

Картер започнал да работи со Федерер уште додека Швајцарецот бил дете и тренирал во Базел. Тренерот загина во сообраќајна несреќа во 2002 година, и тоа непосредно пред Федерер да го освои првиот Гренд слем турнир на Вимблдон. Од тој момент до сега, Федерер има вкупно 20 титули на Гренд слем турнирите, што е рекорд во историјата на тенисот.

Возбудувањата на Отвореното првенство на Австралија ќе започнат откако ќе се комплетираат квалификациските мечеви.

 

 

- Оглас -

Најнови вести