Јуве ослабен во Суперкупот

Хрватот Марио Манџукиќ веројатно нема да настапи во Суперкупот на Италија против Милан откако на денешниот претпладневен тренинг со екипата на Јувентус се здобил со повреда на мускул во бутот на левата нога.

На Манџукиќ треба да му се направат детални прегледи за да се утврди точната тежина на повредата, па потоа ќе се знае дефинитивно дали тој ќе се појави на Суперкупот кој се игра во Џеда, Саудиска Арабија.

Неиграњето на 32-годишниот Хрватот е хендикеп за Јуве, бидејќи сезонава игра во добра форма. Тој нема да биде во составот на гостувањето кај Болоња в сабота од Купот на Италија, а утре би се знаело дали ќе може да игра против Милан на 16-ти јануари.

- Оглас -

Најнови вести