Данска е велесила за Чиле

Вториот домаќин на Светското првенство, селекцијата на Данска слави убедлива победа над Чиле со конечни 39-16. Победникот практично беше решен уште по првите 30 минути, во кои Чилеанците успеаја да реализираат само четири гола, додека Данците беа немилосрдни постигнувајќи 22 погодоци.

Домаќинот беше предводен од Мортенсен, кој одигра без грешка и погоди 8/8, Хансен само еднаш беше неуспешен од осум обиди.

За два дена, Данска ќе игра против Тунис во второто коло од групите, додека тој ден Чиле го очекува дуел против Австрија.

- Оглас -

Најнови вести