Ја бркаме 15-тата победа на 35-тиот меч на Мундијалите

Македонската ракометна репрезентација четврти пат во низа, а вкупно шести пат во историјата, е дел од најдобрите светски селекции. „Црвено-жолтите“ за првпат беа дел од планетарните собири во 1999 година во Италија, а потоа цели 10 години се чекаше за ново учество, овојпат во Хрватска.

Во 2013 година го имавме третиот настап во Шпанија, а потоа следуваа и СП во Катар (2015) и Франција пред две години. Освен во дебитантскиот настап во Италија, кога завршивме на 18-тата позиција, на останатите четири учества Македонија ја поминувала групната фаза.

Во Хрватска имавме рекордни 5 победи во 11 дуели, што беше доволно за 11-то место на крајот. Во 2013 година, на шест меча победивме двапати, имавме едно реми и три порази, па на крајот завршивме како 14-ти. Најдобриот пласман го имаме од Катар, кога во шест дуели имавме четири победи и само два порази, за на крајот да бидеме на деветата позиција. Во Франција продолжи серијата да ја поминеме групата, но и да бидеме елиминирани во 16-финалето, па на крајот го освоивме 15-тото место.

Македонија досега вкупно одигра 34 меча, во кои забележа 14 победи, две ремија и 18 порази со гол-разлика од 940 дадени и 980 примени голови. Денеска против Јапонија, во 35-тиот меч на Мундијалите, Македонија ја очекува 15-тата победа.

На Фејсбук страницата на Спортманија до почеток на мечот може да типувате кој ќе биде конечниот резултат на дуелот Јапонија – Македонија и на тој начин да добиете подарок ваучер од 200 денари од Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести