Медведев им оддржа лекција на Американците, а главен адут му беше Ѓоковиќ

Данил Медведев, бранителот на трофејот на Отвореното првенство на САД, лесно со 3:0 го победи Стефан Козлов во првото коло на последниот гренслем-турнир за оваа година. По мечот, Медведев од американските новинари беше запрашан да коментира за уапсената американска кошаркарка Бритни Грајнер во Русија. Рускиот тенисер даде интересен одговор во којшто го спомна и Новак Ѓоковиќ.

„Слушнав за тој случај, но не ги знам деталите. Сигурно воопшто не е лесно кога некој мора да оди во затвор. Не може да се споредат ситуациите, но ајде да зборуваме за Новак Ѓоковиќ. Знаете ли дека тој не може да влезе во оваа земја поради некој закон. Може да се запрашаме дали тој закон има смисла? Американците може да се вратат во својата земја и да не се вакцинирани, а Новак не смее ни да влезе. Тој не сака да живее во Америка, сака само да одигра турнир и да се врати дома во Србија, но не му е дозволено. Тоа во некој случај е исто како со случајот со американската кошаркарка. Ако не се лажам, таа била фатена со марихуана, а за тоа постои закон. едноставно, закон си е закон. Немам што да додадам“, рече Медведев, кој својот следен меч во Њујорк ќе го игра на 1 септември.

- Оглас -

Најнови вести