Франција ја доби мега-драмата со Турција којашто на неверојатен начин испушти сензационална победа

Големи возбудувања донесе првиот осмина финален меч на Евробаскетот каде што по едно продолжение, Франција ја победи Турција со 87:86, во преполната со турски навивачи „Мерцедес“ арена во Берлин.

Турците беа многу, премногу блиску до победата но на неверојатен начин ја испуштија. На 10 секунди до крај во регуларното време имаа предност од два поени (77:75), две слободни фрлања, и потоа напад по нив.

Двете слободни фрлања ги промаши Џеди Осман, а потоа уфрлањето од страна беше недобро, па ја загубија топката. На три секунди до крај Еван Фурние упати удар кон кошот, тој беше непрецизен а отпадокот го собра Руди Гобер кој обезбеди продолженија.

Таму, Французите одиграа многу подобро и со тоа си обезбедија пласман во четврт-финалето каде што ќе играат против подобриот од Србија – Италија, меч кој што се игра утре од 18 часот.

Токму Гобер беше најефикасен Французин на теренот со 19 поени а имаше и 17 скокови.

Следен на програмата е мечот меѓу Словенија и Белгија од 14:45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести