Случувањата годинава го налутиле Новак, ќе игра уште 5-6 години

Чичкото на Новак Ѓоковиќ, Горан, за својот внук кој е славен тенисер вели дека непоколебливиот дух го наследил од семејството и најави дека Новак ќе игра професионално барем уште 5-6 сезони, иако се очекуваше да се повлече порано.

„Оваа година не беше лесна за Новак, но тој продолжува да оди напред. Сигурен сум дека по овие случувања кои ги издржа, ќе излезе уште посилен. Новак знае што сака. Искушенијата во Австралија годинава само ќе ја продолжат неговата кариера. Наместо да се повлече за три-четири години, неговата кариера ќе трае уште пет-шест сезони. Сега тој го одмора телото“, раскажува Горан Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ пред себе има две цели во кариерата: да биде рекордер по бројот на освоени гренслем-титули и да стане олимписки првак. За ова злато кое му фали последна шанса ќе има во Париз 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести