Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето во Тбилиси од Грузија со 2:0 во меч од петото коло од Лигата на нации. Со овој триумф, Грузија убедливо го обезбеди првото место во групата и ќе игра во баржите за пласман на Европското првенство во 2024 година, додека Македонија шансата за нов континентален настап ќе ја бара преку квалификациите.
Мечот во Тбилиси имаше чуден тек. Македонија одлично отвори и постојано напаѓаше и имаше контрола над играта. Така беше се до 35 минута кога домаќините прв пат посериозно се заканија и постигнаа гол, односно тоа беше автогол.
Кварцахелија продре по страна, остро нафрли по земја, а топката удри во нозете на Бојан Миовски кој беше на 4-5 метри од голлинијата и немаше можност да реагира подобро. Автоголот на Милвски може да го видите ТУКА.
Грузија на полувреме водеше со 1:0, вториот дел беше како пресликано на првото полувреме. Македонија одлично отвори. Елмас и Миовски имаа шанси, но не погодија, а потоа стигна казна.
Дарко Велковски загуби една топка на средината од теренот, брзите Грузијци направија контра напад кој со погодок го заврши Кварцахелија, за голема радост на преку 50.000 домашни фанови на „Динамо Арена“ во Тбилиси.
Погодокот на Кварцахелија може да го видите ТУКА.
На Македонија сега и останува да се обиде да го задржи второто место во групата, во последниот меч против Бугарија во Скопје.