Неверојатна трка во Јапонија: Ферстапен победи на „потопот“, а потоа судиите донесоа одлука по која Холанѓанецот по втор пат го промовираа во светски првак!

Макс Ферстапен победи на патеката „Сузука“ за Големата награда на Јапонија и тоа по само 28 извозени од планираните 54 круга. Холандскиот возач освои 19 наместо планираните 25 поени за победникот и тоа е само затоа што беа изозени 50 отсто од круговите кои беа планирани.

Дождот е причината поради која не беа извозени планираните кругови. Обилни беа врнежите поради што на патеката се создадоа водени делови и трката повеќе од еден час беше прекината и тоа по само еден извозен круг.

По многу исчекувања, организаторите решија трката да продолжи, Ферстапен успеа да ја задржи челната позиција и на крајот стигна до 32 победа во кариерата. Втор на целната рамнина пристигна Леклер, додека Перез заврши како трет. Леклер и Перез водеа голема битка за второто место и во финишот имаа мал инцидент поради што Леклер доби казна од пет секунди, па на крајот Перез е втор, а возачот на Ферари заврши како трет.

Токму оваа одлука на судиите Леклер да добие казна од пет секунди и на крајот наместо втор да заврши на третото место значеше дека Ферстапен има недостижен број на поени во однос на сите останати конкуренти и тој е старо новиот светски првак.

- Оглас -

Најнови вести