Јувентус најде начин како да го донесе Лука Модриќ во Торино

Најдобриот фудбалер во светот за 2018 година, Лука Модриќ, се поверојатно е дека на крајот од сезоната ќе си замине од Реал Мадрид. Хрватот кој ги доби сите можни индивидуални награди за минатата година е пред трансфер во Италија. Шпекулациите во изминативе неколку месеци беа дека Интер сака да го купи Модриќ, но сега работите се поинакви.

Шампионот Јувентус се фокусираше на Хрватот. Најдобриот тим во Италија сака повторно да го спои Модриќ во тандем со Кристијано Роналдо, кој летоска дојде во гигантот од Торино. Модриќ има 34 години и многумина предвидуваат дека е пред залез во кариерата, но Јувентус најде одличен начин за тоа како да ја привлече ѕвездата на Реал Мадрид да дојде во Торино.

„Старата дама“ е подготвена да го придобие Модриќ со тригодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона. Тоа би значело дека Лука би останал во Јувентус до 37 или 38 години. Ретко кој друг клуб ќе му понуди толку долг договор на Модриќ, па затоа Јувентус сега е во прв план за доведување на „мозокот“ на Реал Мадрид и на хрватската репрезентација.

Модриќ сезонава одигра 26 меча за Реал и има постигнато два гола и три асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести