Иван Тони е стрелец на единствениот гол на премиерниот меч од 11. коло во Премиер лигата, а тоа е еден од најубавите погодоци во новата сезона во англиското првенство.
Напаѓачот на Брентфорд погоди велемајсторски со петица во 27. минута, а одбраната на Брајтон и голманот Санчес останаа збунети и без одговор за прекрасниот потег на напаѓачот на домаќините.
Stop that Toney. pic.twitter.com/lnm11MgwuX
— Stop That Football (@stopthatfooty) October 14, 2022
Тони сега е трет стрелец во Премиер лигата со 7 гола, само зад Халанд со 15 и Кејн со 8 гола.