Килијан Мбапе пред почетокот на оваа сезона реши да остане верен на Пари Сен Жермен и го продолжи договорот, со што стави крај на шпекулациите дека во скоро време ќе биде играч на Реал Мадрид.
Причината поради која Мбапе го одбра ПСЖ, а не Реал секако беа парите, но досега не се знаеше точно колкава сума заработува голгетерот за верноста да остане меѓу Светците.
Според извештајот, Мбапе годишно заработува 72 милиони евра бруто, а кога на таа сума ќе се одземат парите што мора да се платат како данок, на фудбалерот му остануваат околу 33 милиони евра нето плата. Тоа значи дека Мбапе месечно заработува 2,7 милиони евра, но тоа не се единствените пари кои ги заработува од договорот со ПСЖ.
Бонусот кој ПСЖ во следните три години треба да го исплати на Мбапе е во износ од 180 милиони евра, односно по завршување на секоја сезона од трите сезони, тој бонус е по 60 милиони евра.