ПСЖ влезе во војна со француските медиуми, им подготви тужба

Челниците на ПСЖ подготвија тужба против сите француски медиуи кои пласираа лажни информации за договорот на Килијан Мбапе.

Изминатите неколку дена француските медиуми објавија информација дека договорот што Мбапе го потпиша во јуни годинава е неверојатен, наводно Светците му ветиле на напаѓачот дека ќе заработи неверојатни 630 милиони евра за да остане „Паркот на принцовите“ и да ја одбие понудата на Реал Мадрид.

Мбапе летово тоа и стори, го одби Реал Мадрид и потпиша нов договор со ПСЖ, но досега во јавноста не беа објавени детали од договорот, но клубот не ги демантираше написите дека напаѓачот има плата од 50 милиони евра годишно, а за потпис на договорот дека добил бонус од околу 100 милиони.

Сега челниците на ПСЖ најавија дека ќе ги тужат француските медиуми поради објавување лажни информации за договорот на Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести