Разногласие околу состојбата на Марио Манџукиќ

Хрватскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Марио Манџукиќ, не може да им помогне на своите клупски колеги во Суперкупот против Милан, но никој не знае со сигурност кога тој повторно ќе се врати на теренот.

Од една страна, има информација дека на Манџо нема да му биде извршена оперирација и ќе може да игра во осминафиналето на Лигата на шампионите против неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид, а од друга страна, се најавува дека ќе му биде извршена оперирација и ќе паузира четири месеци, што може да значи и крај на сезоната за него.

Се најавуваше дека повредата на бедрото на Манџукиќ ќе го оддалечи од теренот неколку седмици. Неговото отсуство може да биде хендикеп за Јуве, бидејќи на 21 меч имаше 9 гола и четири асистенции. Дуелите со Атлетико се играат на 20-ти февруари во Мадрид и на 12-ти март во Торино.

- Оглас -

Најнови вести