„Брегзит“ може да значи разделба на Герет Бејл со Реал Мадрид

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија го загрозува и останувањето на Велшанецот Герет Бејл во Реал Мадрид. Бејл е еден од 800-те илјади граѓани на Обединетото Кралство кои живеат и работат низ земјите на ЕУ. Сите тие може да останат без работа по 29-ти март бидејќи ќе немаат работна дозвола, документ кој досега не им беше потребен.

Официјалните лица на британската амбасада во Мадрид тврдат дека законите сепак ги штитат нивните граѓани, но и агентот на Бејл, Џонатан Барнет, вели дека не е сигурен што ќе се случува во иднина и се надева дека политичарите ќе постигнат договор со кој ќе ги снема проблемите.

Освен Бејл, од Британците во Шпанија игра и Патрик Робертс, кој е позајмен од Манчестер сити во Жирона.

- Оглас -

Најнови вести