Нервозниот Гатузо не сака да го снимаат (Видео)

Нервозниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, по мечот од Суперкупот на Италија, кој неговиот тим го загуби со 0-1, имаше забелешки на судијата Лука Банти поради, за нив, нерегуларниот гол на Роналдо кој бил од офсајд и за недосудениот пенал за Милан во финишот.

Големата тензија по натпреварот, плус кавгата на Гонзало Игуаин со поранешните соиграчи од Јувентус и информацијата дека Аргентинецот од денеска заминува во Челзи, го изнервираа Гатузо уште повеќе, па тој го покажа своето добро познато лице.

На аеродромот во Милано новинарите му ставаа микрофон под нос, го снимаа со телефон, па Гатузо на еден новинар од Теле Ломбардија му го грабна мобилниот и му го фрли на земја. Телефонот при падот се скршил. Поуката од ова е: Не го задевај Рино кога е како ранет лав!

- Оглас -

Најнови вести