Боби Марјановиќ со нога го „лансираше“ Кијану Ривс (Видео)

Акциониот филм „Џон Вик“, чии први два дела ја воодушевија публиката, особено таа што сака филмови од тој жанр, и во третиот дел нема да ја разочара публиката, а реши да го вклучи и српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ, кој настапува за Лос Анџелес клиперс. Марјановиќ, кој е висок 222 сантиметри и е интересен за режисерите, доби улога во која тој во една сцена со нога го удира во гради главниот актер Кијану Ривс.

Погледнете целосен трејлер од филмот, во кој на втората половина од клипот го има и моментот кога се тепаат Ривс и Марјановиќ:

Во филмот, платениот убиец Џон Вик се бори против најдобрите од истиот бизнис во Њујорк бидејќи за неговата глава има награда од 14 милиони долари. Марјановиќ толкува лик на непознат атентатор, на кој во еден момент главниот лик ќе му пикне книга во уста. Сепак, и „атентаторот“ нема да остане должен.

Ова е сцената со која се пофалија и Клиперси:

- Оглас -

Најнови вести