Лионел Меси е единствениот играч на Светските првенства што постигнувал гол во сите можни фази на ист турнир.
И вечерва беше стрелец од пенал против Франција во финалето, во кое Аргентина по еден час игра води со 2:0.
https://twitter.com/Ziad_EJ/status/1604497674492731392?s=20&t=FclxR11P8xMfhiaFwfLK5Q
Претходно погодуваше против Саудиска Арабија и Мексико во фазата по групи, а ја продолжи серијата голови и во осминафиналето со Австралија.
Им даде гол и на Лалињата од Холандија во четвртфиналето и на Хрватска во полуфиналето, што со денешниот гол во мечот за титулата е единствен подвиг што го нема ниту еден друг играч на Мундијалите.
https://twitter.com/BBCSport/status/1604510152706908160?s=20&t=FclxR11P8xMfhiaFwfLK5Q
Само Полска на овој турнир успеа да крутули од Меси и не прими гол од него.