Лионел Меси со гол се врати во дресот на Пари Сен Жермен откако погоди во победа од 2:0 против Анже. За Аргентинецот ова беше 696 погодок во дресот на клубови кои настапуваат во Топ 5 лигите, со што го израмни рекордот на Кристијано Роналдо.
Меси има постигнато 672 погодоци во дресот на Барселона и уште 24 како играч на ПСЖ. Роналдо до 696 погодоци во клубови од Топ 5 лигите има стигнато со 145 погодоци како играч на Манчестер јунајтед, дури 450 во дресот на Реал Мадрид и 101 погодок како играч на Јувентус.
Роналдо од пред неколку дена е играч на Ал-Наср во Саудиска Арабија, најавувајќи дека неговата мисија во Европа е завршена. Тоа значи дека Роналдо ќе остане на 696 погодоци во клубови од Топ 5 лигите, додека Меси со следниот погодок во дресот на ПСЖ ќе го престигне големиот ривал во оваа категорија.