Најголемиот стадион на просторите на поранешна Југославија, „Рајко Митиќ“ во Белград, можеби нема да постои на 60-годишнината од својата изградба, на 1 септември годинава.
Популарната „Маракана“, на која игра клубот Црвена ѕвезда, а често и српската репрезентација, треба да биде урната доколку се донесе одлука новиот стадион да се изгради на истото место.
Генералниот директор Звезда Терзиќ рече дека би сакал новиот стадион да биде на 300-400 метри посеверно од сегашната локација, поради инфраструктурата и за да се избегне метеж во сообраќајот.
Новиот стадион ќе биде помал од сегашниот, ќе има максимум 42.000 седишта, и ќе нема атлетска патека, а во Ѕвезда веруваат дека ќе имаат многу повеќе претплатни билети. Изградбата треба да трае три до четири години и во тој период Ѕвезда како домаќин би играла надвор од Белград, опции се градовите Зајечар, Лозница и Лесковац.