Карло Анчелоти и Реал Мадрид ги демантираат вестите дека трофејниот тренер веќе прифатил и се договорил со Бразил да биде нов селектор на најтрофејната фудбалска нација.
Веста оддекна силно во светот на фудбалот, а беше објавено од повеќе извори и кога се чинеше дека се е готово и Анчелоти ќе биде нов кормилар на петкратниот светски првак, стаса демант од Мадрид.
⚡️
Real Madrid and Ancelotti's entourage deny an agreement between the coach and Brazil NT.
CBF are considering publishing a statement about it.
More details soon at @TheAthleticFC
— Mario Cortegana (@MarioCortegana) February 10, 2023
Работата допрва се вжештува па сега е најавено дека ќе има соопштение од бразилската фудбалска асоцијација, ЦБФ, па можно е да има и интересни детали што ќе појаснат дали има договор за Анчелоти да биде селектор, или не.