МЗТ Скопје покажа карактер и успеа да анулира 11 поени негатива во Бар против Морнар, па на полувреме се замина со нерешен резултат 46:46.
Штрковите губеа со 44:33, но потоа навреме влегоа во серија и со 13:3 израмнија за егал по првиот дел.
Мечот е многу значаен, бидејќи двете екипи се меѓу главните ривали за опстанок во АБА лигата.
Абу беше најефикасен кај МЗТ со 9 поени, а Кефи, Кук и Мицовиќ дадоа по 7 поени. Глас од Морнар е најефикасен по првиот дел со 13 поени.
Натпреварот во Бар почна со една минута молчење во чест на жртвите на земјотресот во Турција и Сирија.
https://twitter.com/ABA_League/status/1624100156177100816?s=20&t=tqGLgJiTxLi6QxYGF18vlA