Меси има пет причини ДА се врати во Барселона, единствена препрека е навивачот на Реал Мадрид

Можноста Лионел Меси да се врати во тимот во кој помина 20 години од кариерата, Барселона, од ден во ден станува сè поголема, веќе се исполнети пет услови за такво нешто, а тоа може да биде спречено само од еден човек кој е навивач на Реал Мадрид.

Првиот услов е исполнет и тој е Аргентинецот повеќе да не се чувствува „добредојден“ во Париз. По елиминацијата на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите од Баерн Минхен, Меси повеќе не е омилен фудбалер кај навивачите.

Навивачите на ПСЖ, на утрешниот натпревар против Рен, планираат да го исвиркаат Меси, што ќе претставува начин да го изразат незадоволството од неговите лоши игри против Баерн Минхен. Вчера беше објавена информација дека Аргентинецот незадоволен го напуштил тренингот на ПСЖ, а исто така се појавија информации дека преговорите околу новиот договор со Светците, се прекинати.

Вториот услов за враќање на Меси во Барселона ќе биде исполнет кога ќе започнат преговорите и се однесува на претседателот Жоан Лапорта. Аргентинецот по заминувањето од Барселона изјави дека бил навреден од Лапорта.

Но, изминатиот период Лапорта имал неколку средби со таткото на Меси, Хорхе, на кои било разговарано за враќањето на Лео на „Камп Ноу“ и првиот човек на каталонскиот тим порачал дека е подготвен и јавно да му се извини на Аргентинецот.

Третиот услов за враќање на Меси е Чави Ернандес да остане на клупата. Тие двајца се големи пријатели и и постојано контактираат, а Чави кој сега е тренер на Барселона, во неколку наврати изјави во јавноста дека сака Меси да се врати назад.

Четвртиот услов е дека Барселона е најдобра опција за Меси да ја заврши кариерата. Аргентинецот иако е член а ПСЖ, изјави дека Барселона засекогаш ќе остане негов дом и за завршување на кариерата ќе се врати да живее во овој град.

Последниот петти услов кој оди во корист на Барселона е семејството на фудбалерот. На неговата сопруга Антонела Рокуцо и трите сина, тешко им падна заминувањето од Барселона и постојано го потенцираат тоа. Тие секој слободен момент го користат за да заминат во Барселона.

Единствена пречка за враќањето на Меси во Барселона е првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој упорно бара да се почитуваат правилата за финансиски ферплеј.
За да се врати во Барселона, Лионел Меси би морал да прифати да игра за најмалку трипати помала плата од таа што сега ја добива во ПСЖ (30 милиони), но и тоа можеби нема да биде доволно.

Според весникот „Мундо Депортиво“, Тебас кој призна дека е навивач на Реал Мадрид, и понатаму прави се што може за да му го загорчи животот на Жоан Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести