Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ прерасна во вистинска легенда на Кралскиот клуб од Мадрид. Договорот на 37-годишниот Модриќ истекува налето, што е отворена можност да си замине без обесштетување од Реал Мадрид.
Според информациите од Шпанија, Реал и Модриќ веќе започнале преговори за продолжување на договорот за уште една сезона, со оглед на неговите години.
Сепак, во трката по потписот на Хрватот се вклучуваат и клубови од Саудиска Арабија и од Катар со богати понуди. Останува да видиме дали Модриќ ќе се одлучи да остане во европскиот фудбал или ќе продолжи на Арапскиот Полуостров.