Аргентина со 2:0 ја победи Панама во пријателски меч на кој во прв план беше прославата на светската фудбалска титула на Гаучосите. Дури 90.000 навивачи имаше на култниот стадион „Монументал“ во Буенос Аирес, а прославата беше зачинета со јубилејниот 800-ти погодок на Меси во кариерата.
По завршување на мечот, следуваше големо славење, а во еден момент фудбалерите почнаа да пеат песна „Минута молк за Бразил кој е мртов, минута молк и за Франција која е мртва“. Секако, меѓу оние кои пееше и се радуваше беше и Меси.
https://twitter.com/i/status/1639091531167432704
На Меси за три месеци му истекува договорот со Пари Сен Жермен и сè погласни се најавите дека тој нема да сака да ја продолжи соработката со францускиот првак. Навивачите на ПСЖ веќе отворено негодуваат за тоа што Меси добива огромна плата, а по ова видео на кое Меси се радува по скандирањето „Франција е мртва“, можно е само дополнително да го забрза процесот за негово заминување од ПСЖ.