Јувентус постави антирекорд, но пак победи во Серија А

Јувентус продолжува да победува во италијанската Серија А. Актуелниот италијански првак славеше на дербито во Рим против Лацио со 2-1 и стигна до 19-ти триумф во 21 коло. Од максималните 63 бода кои досега можеше да ги освои, Јувентус има 59 бодови и е со 11 бода пред второпласираниот Наполи.

Гигантот од Торино не започна најдобро. Во првото полувреме гостите не упатија ниту еден удар кон голот на Лацио, што е за прв пат во последниве 15 години во Серија А. По првите 45 минути беше без голови, а Лацио прв се израдува во вториот дел. По еден изведен корнер на домаќините, Емре Џан со глава си даде автогол во 59-тата минута.

Овој погодок на Лацио за некои делуваше дека може да се случи Јувентус за првпат да загуби во Серија А по пауза од девет месеци, но тоа не се случи. Голот на Лацио како да беше знак за Јувентус да започне да игра многу подобро. Кансело погоди во 74-тата минута за 1-1, а во 88-мата Кристијано Роналдо од пенал донесе голема радост за гостите од Торино.

- Оглас -

Најнови вести