Барселона со 1:0 го победи Атлетико Мадрид и тоа беше јубилејна десетта победа на каталонскиот гигант со овој резултат сезонава во Примера дивисион. Феран Торес беше стрелец на голот вреден три бода за Барселона, која ита кон титулата во Шпанија.
Навивачите на „Камп ноу“ можеа да се израдуваат на уште некој погодок, но за тоа најголем виновник беше Роберт Левандовски. Докажаниот голгетер можеше да биде трагичар поради неговиот потег во 76-тата минута. Полјакот излезе сам пред голманот Јан Облак, кој беше истрчан надвор од шеснаесетникот и не смееше да игра со рака.
Покрај Левандовски, трчаше и Рафиња, кој пред себе имаше празен гол и Полјакот само требаше да му ја додаде топката за да има 2:0 за Барселона. Сепак, Левандовски реши сам да ја заврши акцијата и згреши за шок на 90.000 навивачи на „Камп ноу“, но на негова среќа, тоа не го казнија гостите од Мадрид и резултатот на крајот остана 1:0.
Моментот на себичноста на Левандовски може да го видите ТУКА.