Ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец, Филип Талески, денеска по победата на неговиот тим над Еурофарм Пелистер во финалето на Купот, беше удрен со пендрек во главата од страна на полицаец.
Веднаш по триумфот од 26:25, во СЦ „Билјанини извори“ настана мешаница откако ракометарот на Е. Пелистер, Суси фрли шише кон тренерот на Вардар, Недановски.
Ракометарите на двете екипи брзо ги смирија страстите, а еден полицајците кои учествуваа во смирување на ситуацијата, без никаква причина, скокајќи преку колегите, со пендрек го удри по главата македонскиот репрезентативец.
Полицијата со пендрек го удира ракометарот на Вардар, Филип Талески.
Какво е ова однесување од полицијата кон професионалните играчи? pic.twitter.com/SjFb4KiHcQ
— Боемот 2.0 (@boemot_mk) May 13, 2023