Српски клуб исфрлен од Суперлигата поради намерно губење на два натпревари

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) по дојавите од УЕФА, одлучи да одземе девет бодови на Колубара и тоа поради намерно местење на резултати на два меча. Поради ова, Колубара е исфрлена од Суперлигата и следната сезона ќе се натпреварува во Прва лига.

УЕФА ги сомничи суперлигашите Колубара, Спартак, Младост ГАТ и членот на Прва лига Нови Сад за местење натпревари, а на крајот најмногу настрада Колубара која практично беше исфрлена во понизок ранг.

Спорни беа натпреарите Младост ГАТ – Колубара (1:0), Колубара – Спартак (0:3) и Нови Сад – Раднички НБ (2:2). Казнети се и Спартак и Младост ГАТ и тоа парично со по три милиони динари, додека Нови Сад е ослободен од обвиненијата.

По одземените девет бодови, Колубара сега е на последното место во плејаут групата и заедно со Младост ГАТ сигурно ќе испаднат од елитното друштво.

- Оглас -

Најнови вести