Арка беше за „генералка“, Македонија Ѓорче Петров загуби со 1-2

Македонија Ѓорче Петров загуби од полскиот прволигаш Арка Гдиња со 1-2, што е трет пораз на подготовките во Аланија. Популарните „лавови“ го одиграа последниот меч во турското одморалиште, а имаа силен тест против квалитетен противник.

По првото полувреме беше нерешено, 1-1, но Полјаците постигнаа победнички погодок во вториот дел. Претходно Ѓорчепетровци загубија со идентичен резултат од Шахтар Караганди, а и Ботев Враца беше подобар за еден гол и славеше со 1-0.

Мечот против Арка на нашиот прволигаш му послужи како еден вид генерална проба пред продолжението на македонскиот шампионат.

Македонија Ѓорче Петров на 17-ти февруари во првото пролетно коло, или вкупно 19-то, ќе игра со Академија Пандев на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести