Кјелини аут две недели, но ќе биде фит за дуелот со Атлетико

Џорџо Кјелини утре ќе оди на детални прегледи за да се потврди повредата на листот, но се претпоставува дека нема да отсуствува подолго од две недели. Тоа значи дека искусниот Италијанец ќе биде подготвен за дуелите против Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, но Алегри нема многу опции во дефанзивата за следниот период.

Кјелини почувстувал непријатност во вчерашниот пораз од Аталанта (3-0) во Купот на Италија, но за разлика од неговиот партнер во дефанзивата Леонадро Бонучи, капитенот на Јуве ќе биде подготвен за дуелите против Атлетико.

Отуството на двајцата првотимци го вклучи алармот во Торино за паника, па наводно од Јуве контактирале со Челзи за услугите на Гери Кејхил, за да го доведат како позајмен играч до крајот на сезоната бидејќи засега имаат само двајца здрави стопери, Даниеле Ругани и Мартин Касерес.

Првиот од двата натпревари против Атлетико во Лигата на шампиони е закажан за 20-ти февруари, додека реваншот на „Алијанц стадионот“ е закажан за 13-ти март.

- Оглас -

Најнови вести