Уругвајскиот играч за врска на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте ќе биде нов фудбалер на Пари Сен Жермен во следната сезона. Угарте е фудбалер за кого голем интерес имаше од Челзи. Англискиот тим повеќе од еден месец преговараше за да го добие потписот на Угарте, но во последен момент се појави ПСЖ и францускиот тим ја доби трката за доведување на Уругваецот.
Талентираниот 22-годишен Угарте се очекува наскоро да биде преставен како нов фудбалер на ПСЖ, кој за овој трансфер ќе одвои 60 милиони евра. Угарте е дефанзивен играч за врска, кој во 2021 година пристигна во Спортинг Лисабон и одигра 56 меча за португалскиот гигант.
Во дресот на репрезентацијата на Уругвај има осум натпревари и треба да биде стандарден во следните 10-тина години во составот на некогашниот двократен светски првак.