Некогашниот шеф на Ферари и на Формула 1, Жан Тод, на 77-годишна возраст реши да се ожени и да стапи во брак со 15 години помладата малезиска актерка Мишел Јеох, со која беше во врска точно 6.992 денови, што е повеќе од 19 години.
На свадбата на оскаровката Јеох и легендата на Формула 1 беше и некогашниот пилот на Ферари, Фелипе Маса.
Тод е еден од најблиските пријатели на Михаел Шумахер, еден од ретките што го видел после повредата на главата. Шуми од оправдани причини не можеше да дојде, но тој знае уште за врската уште од почетоците на љубовта на Тод и Јеох.
За Тод ова е втор, а за Мишел трети брак.