Авионот е најден, каде се телата?

Веста дека на дното на Ла Манш се пронајдени остатоците од авионот со кој фудбалерот Емилијано Сала патуваше од Нант до Кардиф ги уништи и последните надежи за семејството на Аргентинецот дека можеби е жив. Засега нема информација дали се најдени телата на Сала, кој беше единствен патник во авиончето, и пилотот Дејвид Иботсон.

„Не можам да верувам. Ова е како лош сон. Очајни сме. Секој ден се слушав со истражителите. Кога ми кажаа дека е пронајден авионот, сите надежи ми згаснаа“, изјави Орасио Сала, таткото на Емилијано, кој требаше да игра во Премиер лигата за велшки Кардиф, но не го дочека дебито.

Откако полицијата ја прекина потрагата и објави дека нема шанса Сала и пилотот да ја преживеале несреќата која се случи на 21-ви јануари, беа собрани пари од приватни лица,па потрагата продолжи и конечно даде резултат. Авионот е најден, па сега единствено прашање е дали ќе се најдат и телата, или можеби веќе се најдени, но се чека вистински момент за тоа да се соопшти во јавност.

- Оглас -

Најнови вести