Реал ја реши дилемата околу иднината на Модриќ

Најдобриот играч во светот за 2018 година, Лука Модриќ, ќе добие нов договор од Реал Мадрид. Капитенот на хрватската репрезентација има договор кој го обврзува да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2020 година, но во најскоро време се очекува подобрување на договорот, пренесува шпанскиот весник „Ас“.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, е подготвен да го направи Модриќ да биде најскапоплатениот фудбалер во Реал, а тоа ќе го направи со продолжување на договорот за уште една или две сезони. Ако потпише до 2022 година, тоа значи дека Модриќ ќе остане во Реал до 36 години.

Лука дојде во Реал во 2012 година од англискиот Тотенхем. Кралскиот клуб со Модриќ се радуваше на четири титули во Лигата на шампиони, една во Примера дивисион и Купот на Шпанија, како и три Суперкупа на Европа и четири титули Светски клупски првак.

- Оглас -

Најнови вести