Мурињо може да седне на клупата на еден од најтрофејните клубови во светот

Баерн Минхен е сè подалеку од одбрана на титулата во Бундеслигата. Баварскиот гигант загуби од Баер Леверкузен со 2-1 и сега заостанува седум бода зад лидерот Борусија Дортмунд. Токму поради ова, тренерот Нико Ковач е пред отказ, а веднаш се започна со шпекулации за тоа кој може да биде наследник на Ковач.

Според „Дон Балон“, Жозе Мурињо и Хулен Лопетеги се најсериозни кандидати да седнат на клупата на Баерн доколку Ковач добие отказ. Tоа се двајцата тренери кои сезонава ја започнаа на клупата на два европски гиганти, но добија отказ. Мурињо беше на клупата на Манчестер јунајтед, а Лопетеги го предводеше Реал Мадрид.

Сега можно е еден од овие двајца повторно да добијат работа и тоа во најтрофејниот германски клуб и еден од најдобрите во свет.

- Оглас -

Најнови вести