Реал се жали дека Барселона е привилигирана

Реал Мадрид и Барселона за многу кратко време ќе одиграат дури три Ел Класика. Првиот меч се игра утре,  на „Камп ноу“ во полуфиналето од Купот на Шпанија. Реванш-дуелот е на 27-ми февруари во Мадрид, по што ќе се знае тимот кој ќе игра во финалето за трофејот од Купот.

Челниците на Реал Мадрид се незадоволни од терминот за реванш и се подготвуваат да поднесат жалба до раководството на лигата на Шпанија. Првите луѓе на Примера дивисион одлучија Барселона својот меч од првенството против Севилја да го игра на 23-ти февруари во 16:15 часот, додека Реал Мадрид во тоа коло ќе игра еден ден подоцна, и тоа од 20:45 часот.

Тоа значи дека играчите на Кралскиот клуб ќе имаат многу помалку време да се одморат пред реваншот кој е на 27-ми овој месец. Реал ќе има точно 28 и пол часа помалку време за одмор од фудбалерите на Барселона, па мадридскиот гигант бара својот меч во тоа коло да го игра во ист ден со Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести