Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку, во моментов тренира со младинската екипа на Челзи. Тренерот Покетино од поодамна најави дека нема да смета на неговите услуги откако му заврши позајмицата во Интер.
Токму Интер беше најзаинтересиран за неговите услуги, но Лукаку се одлучи да потпише за Јувентус. Овој трансфер не се реализира поради протестите на навивачите и Белгиецот остана во незавидна позиција.
Вечерва во италијанските медиуми се појави информација дека Жозе Мурињо сака да го ангажира во Рома како замена за повредениот напаѓач Абрахам. Останува непознато дали Челзи ќе го пушти на позајмица или ќе преговара со Рома за негов трансфер, со оглед на високата цена што ја има Лукаку на пазарот, која според Трансфермаркет изнесува 40 милиони евра.