Неверојатни тикети во Тетово и Куманово: Со мала уплата до добивка од неколку илјади евра (Фото)

Се чини дека изминатото викенд-коло беше одлично за играчите на Sport Life. Неверојатни тикети ни пристигнуваат од Тетово и Куманово, каде што со мала уплата играчите имаат големи добивки од по неколку илјади евра.

СО 20 ДЕНАРИ ДО ДОБИВКА ОД 3.900 ЕВРА ВО ТЕТОВО

Се чини дека гостинските екипи воопшто и не требаше да играат на добитниот тикет во објектот на Sport Life, Тетово 7. Петнаесет победи на домашните и еден меч одигран „еден во еден“ и уплатени со минималната уплата од 20 денари донесоа огромна добивка од 233.479 денари во Тетово, односно околу 3.900 евра.

Победите на домашните екипи се нижеа како на филмска лента сè до последниот натпревар, кој се играше во 23:30 часот од првенството на Уругвај. Изненадувачки екипата на Дефенсор поведе на гостувањето кај Пењарол во 29-тата минута, но во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме домашните израмнија.

Работите на свое место дојдоа во 68-мата минута, кога Пењарол поведе со 2-1, предност која успеа да ја сочува до самиот крај на натпреварот и да донесе голема радост во Тетово.

ИГРИ НА ГОЛОВИ ДОНЕСОА ДОБИВКА ОД 1.700 ЕВРА ВО КУМАНОВО СО УПЛАТА ОД 50 ДЕНАРИ

Одличен тикет беше уплатен и во објектот Гаражи на Sport Life во Куманово, кој само со 50 денари донесе добивка од 102.957 денари. Тука сите 11 натпревари се одиграни со игри на голови. Ефикасните натпревари во неделата без поголеми драми му донесоа добивка на среќниот кумановец, кој направи вистински избор на игри кои на крајот се покажаа како добитни.

- Оглас -

Најнови вести