Дерби-пресметката во петтото коло во Евролигата меѓу Реал Мадрид и Барселона им припадна на Кралевите, и тоа со 65:64.
Ова е трета победа за Реал во кошаркарското Ел Класико во последните 40 дена. Прво на 16 септември Реал славеше во шпанскиот Суперкуп со 90:80, потоа на први октомври беше подобар во АЦБ-лигата со 86:79 и вечерва триумфира во Евролигата.
Барселона подобро го започна натпреварот и дојде до предност од 14 поени во втората четвртина, но предноста почна да се топи од минута во минута и на одмор замина само со два поени предност (30:28).
Во третата четвртина доминираа Кралевите, кои овој период го добија со 23:11, но Барселона се разбуди во последната четвртина и во последните две минути влезе со минус од четири поени. Барселона преку Саторански на 48 секунди до крајот израмни на 59:59, по што се влезе во пенал-завршница.
Кампацо погоди три слободни фрлања за 62:59, по што Саторански реализира само едно на спротивната страна, исто како и Кампањо на осум секунди до крајот. Точка на мечот стави Хезоња со двете реализирани слободни фрлања на три секунди до крајот 65:61, по што на Абринес му остана со тројка да се избори за минимален пораз на Барселона.
Дек со 20 поени и Порие со 14 ја предводеа листата на стрелци кај Реал Мадрид, додека на спротивната страна се истакнаа Ернангомес со 13, Весели со 12 и Саторански со 10 поени.
Олимппијакос со 75:57 го декласира Анадолу Ефес, а Монако со 107:79 го победи Макаби Тел Авив.