Еден од најдобрите фудбалски голмани во изминативе три децении, Петр Чех, во 2019 година ја заврши кариерата, но продолжи да биде спортски активен. Иако има 41 година, Чех продолжува со своите голмански бравури, но овојпат во хокејот.
Чех веќе подолго време брани за Оксфорд сити старс, кој се натпреварува во третата лига во Велика Британија, но сега Чехот е пред нов голем предизвик. Актуелниот шампион на Велика Британија, тимот на Белфаст џајантс, има проблеми со голманската линија, па го договорија Чех да го облече нивниот дрес, и тоа како позајмен играч.
The Stena Line Belfast Giants can confirm that legendary Premier League goalkeeper and current @OxfordCityStars netminder @PetrCech has joined the club on loan as temporary emergency cover.
William Cherry. pic.twitter.com/ezot6TsTPl
— Belfast Giants (@BelfastGiants) November 15, 2023
Чех има повеќе од 600 настапи за англиските гиганти Арсенал и Челзи, а актуелниот хокеј шампион верува дека ветеранот ќе биде вистински човек за одбрана на нивниот гол.
„Петр е исклучителен спортист, кој знае како е да се игра на највисоко ниво. Неговата помош ќе биде бесценета за нас“, рече тренерот на Белфаст џајантс, Адам Кијф.