Денешните Евролигашки дуели во знакот на двете српско-шпански пресметки (Фото)

Вечерва во кошаркарската Евролига ќе се играат пет натпревари, за кои Sport Life подготви одлична понуда. Најинтересно се очекува да биде на двата дуела меѓу српските и шпанските екипи, Валенсија – Партизан и Црвена ѕвезда – Реал Мадрид.

Кошаркарите на Партизан влегоа во победнички ритам, имаат четири триумфи во низа и вечерва во Валенсија ќе се обидат да дојдат до петтата победа. Во одличен ритам е и Валенсија, која има три триумфа по ред, но квотите ги фаворизираат Црно-белите (1.89).

Во „Штарк арената“ во Белград ќе се игра втората српско-шпанска пресметка, Црвена ѕвезда ќе го пречека европскиот шампион Реал Мадрид, кој во 14 кола има само еден пораз. Очекувано, квотите се на страната на Кралевите (1.45), но Црвено-белите имаат квалитет за да изненадат и да се замешаат во битката за позициите коишто носат пласман во разигрувањето за титулата.
Во останатите мечеви, Барселона е голем фаворит против Алба Берлин, Макаби Тел Авив, кој своите мечеви како домаќин ги игра во Белград, ќе се сретне со Басконија, додека Виртус Болоња игра против Олимпијакос.

Во богатата понуда на Sport Life има и 59-мина кошаркари за најпопуларната игра „плус-минус“ поени, 25-мина кошаркари за бројот на скокови, а 20-мина за асистенции. Комплетната понуда за Евролигата може да ја најдете на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести